Аман хотелот се однесува на раскош и на гламур и животот не се разликува во голема мера во однос на венецијанските семејства во периодот од 15 до 18 век, со оглед на тоа што го задржал духот на едноставноста, елеганцијата, но и големото богатство.
Хотелот Аман Канал Гранде е отворен пред три години, а благодарение на одличната позиција и неверојатниот ентериер, за не го слободно може да се каже дека е единствениот хотел во Венеција што повеќе наликува на приватна палата, отколку на хотел.
Неговата изградба датира од 16-иот век, а во оваа палата цели 200 години живеело семејството Пападополи. Со оглед на тоа што тие биле заинтересирани да го продадат Аман, хотелот и понатаму ги задржал апартманите на горниот кат. Во меѓувреме остатокот од палатата бил постепено реставриран.
Оваа градба се наоѓа директно на брегот на Големиот канал, па гостите и често младенците како Џорџ и Амал Клуни, како и Ана Ивановиќ и Бастијан Швајншатјгер за да стигнат до него мора да пловат со гондола, што дава дополнителна доза на романтика.