Во близина до споменикот Петрова гора, во Карловачката жупанија се наоѓа една напуштена куќа во шума, која навидум изгледа сосем обично, но крие една огромна тајна.
Оваа топ тајна радио станица е дизајнирана за да издржи атомски удар. Овој фасцинантен објект бил една од најчуваните тајни на поранешната ЈНА.
Интересен дел од куќата е лифтот, кој оди во подземјето, 50 метри.
Тука, всушност, се криело засолништето кое би се употребило при атомски напад, а кое било опремено во него да се живее 3 месеци без излегување надвор. Како што појаснил Златко Чишпер, пензиониран бригадир, се протега на 2.000 метри квадратни, со цела низа простории – спални соби, електрична централа, кујна, остава, простории за престој како и простор за деконтаминација.
Сите простории се меѓусебно оддалечени со прегради и со врати со ударни вентили за случај на атомска експлозија. Во излезниот дел се наоѓа бетонска врата од 40 тони, конструирана да разбие па дури и да запре бран од нуклеарен удар.