Фотографија од болничката соба во која е хоспитализиран Љупчо Палевски, откако полпаднево беше нападнат пред неговиот дом во Скопје, објави уредникот на порталот Инфомакс, Александар Митовски.
Тој под фотографијата напиша дека напаѓачите цел ден седеле пред домот на Палевски.
– Двајцата напаѓачи се познати. Цел ден чекале на улицата каде што живее Палчо. Снимени се на сите камери. Со и без кациги. Сега останува ред уште полицијата, која се пофали со системот „Сејф Сити”, да ги потврди овие информации. А, за нарачателот на нападот…, напиша на Фејсбук Митовски.
Фото: ФБ Митовски