Ликовите на премиерот Димитар Ковачевски, министерот за надворешни работи Бујар Османи, како и на министерот Бојан Маричиќ се најдоа пред Министерството за надворешни работи, како дел од перформанс на младите кои протестираа против францускиот предлог.
Имено, маски со ликовите на тројцата беа преставени како предавници, а ликовите кои се криеа зад нивните маски го потпишаа договорот, како што се вели на протистите за бугаризација на државата.
Наводниот документ беше скинат од страна на граѓаните и испратена пораката „Ултиматум НЕ благодарам“.