13.8 C
Skopje
четврток, мај 16, 2024

(ФОТО) Перо Антиќ се прости од Дуда Ивковиќ – емотивни зборови за последен пат

Смртта на еден од најдобрите тренери на сите времиња, Душан Дуда Ивковиќ го потресе кошаркарскиот свет, многумина за последен пат се простуваат од великанот на европската кошарка, а меѓу нив е и Перо Антиќ.

Претседателот на кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ) работеше заедно со Дуда во Олимпијакос и заедно во 2012 година триумфираа во Евролигата.

„Ти благодарам за се, „коуч“… Почивај во мир, Дуда“, напиша Антиќ на својот инстаграм-профил, крај заедничките фоторафии со трофејниот стратег.