Во тешка сообраќајна незгода која вчера се случи во Драчево пет лица се здобиле со повреди.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи несреќата се случила во 20.40 часот на локалниот пат од село Долно Лисиче кон Драчево.
Автомобилот „лада самара“ кој го управувал 29-годишниот Ф.М. удрил во рампата на железничкиот премин, а потоа се превртел.
Од ударот со телесни повреди се здобиле возачот и тројца сопатници, А.С. (41) и Н.С. (36) и 20- годишниот Д.М.
Со тешки телени повреди се здобил 26-годишниот И.М.
Сите лица се пренесени во ГОБ „Наум Охридски“ каде се задржани на понатамошно лекување.
ФОТО: Курир