Во ЗОО Скопје по повеќе од 20 години се родија три лавчиња, објави преку социјалната мрежа на Faceebok градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска.
„Денеска е 20-ти март – Меѓународниот ден на среќата годишен настан на Обединетите Нации кој ја промовира среќата како универзално човеково право со цел да се намали глобалната нееднаквост и да се заштити планетата за идните генерации.
Токму на овој ден сакаме да споделиме преубава вест од скопската зоолошка градина, каде по повеќе од 20 години се родија три лавчиња. Вработените велат дека ова е една од најубавите работи кои се случиле во Зоолошка градина Скопје и се грижат да се безбедни со сите услови во внатрешното живеалиште, каде лавицата и лавчињата од страна на вработените се под постојан надзор и грижа.
Лавчињата се стари неколку дена, а можност да ги видат посетителите на ЗОО ќе имаат кога тие ќе бидат стабилни и во можност самостојно да се движат низ надворешното живеалиште.
Сите љубители на животни и посетители на ЗОО Скопје, ќе имаат прилика да учествуваат во давањето имиња на трите лавчиња“, пишува Арсовска во својата објава.