Меѓу околу 1,6 милиони бегалци од Авганистан, кои сега живеат во сиромашните квартови на Пакистан, се наоѓаат и овие деца, а нивниот поглед говори се’.
Повеќе од три децении Пакистан е дом на еден од најголемите бегалски центри во светот. Стотини илјади Авганистанци побегнаа од Пакистан по конфликтот што ја уништува нивната земја, пишува „Дејли мејл“.
Многумина побегнале за време на советската инвазија на Авганистан во 1979 година, па искачувањето на Талибанците на власт во 1996 година и американската инвазија во 2001.
Денес, цела генерација авганистански деца се раѓаат и растат во сиромашните делови на Пакистан.
Едно од нив, момчето Авал Гул (12), живее во предградии на Исламабад и никогаш не одел на училиште. Работи на зелениот пазар во близина на неговиот дом.
Многу Пакистанци не ги сакаат авганистанските бегалци, сметајќи дека со нивното доаѓање пораснала стапката на криминал и тероризмот во земјата.
Фотографиите од малите бегалци од Авганистан ги направил фотографот на американската агенција Асошиејтед Прес (АП), Мухамед Мухејсен.