![tetovo jazince](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/06/tetovo-jazince.jpg?resize=696%2C522&ssl=1)
Интензивните врнежи од дожд ноќеска предизвикаа нагло зголемување на водостоите на неколку реки во Тетовско кои се излеаа од нивните корита и поплавија патишта и куќи. Според првичните информации, неколку села во општините Теарце и Јегуновце ноќеска се поплавени поради излевањето на речните води.
Излевањето на Габровска река е причина за поплавување и наноси од земја, кал и дрвја на регионалниот пат Тетово –Јажинце помеѓу селата Доброште и Одри.
„Патот Тетово-Јажинце e непрооден помеѓу Доброште и Одри поради излевање на речната вода. Се работи на отстранување на наносите од земја, кал и дрвја, објави Исен Асани“, градоначалник на општина Теарце на својот Фејсбук профил.
Мештаните од Доброште информираат дека поради поплавите оштетен е и асфалтот на коловозната лента на регионалниот пат Тетово-Јажинце. Жители на Јегуновце информирата дека во нивното селот има поплавени куќи.