
Мајка и ќерка завршија во болница со тешки телесни повреди откако автомобилот со кој се превезувале се превртел на автопатот Тетово – Гостивар.
Неофицијално, се смета дека веројатна причина за несреќата било пребрзо возење.
Повредените морало да бидат извлечени од смачканиот автомобил со интервенција на противпожарната екипа, а потоа биле префрлени на тетовската клиника.