![dolf ludgren](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/12/dolf-ludgren.jpg?resize=696%2C441&ssl=1)
Легендарниот шведски актер Долф Лундгрен е снимен во Лос Анџелес со прстен кој наликува на венчален, па започнаа гласини дека тој се оженил за личната тренерка Ема Крокдајл, скоро 40 години помлада од него, пишува Page Six.
Лундгрен (63), познат по своите бројни улоги во акционите филмови, вклучувајќи ја и легендарната улога на Иван Драго во Роки, ја запросил норвешката тренерка за фитнес во јуни во Стокхолм.
Двојката е заедно од крајот на 2019 година, а за прв пат се појавиле во јавноста на почетокот на годината на доделувањето на наградите во Доминиканската Република.
Патем, откако објавиле дека се вериле, многумина ја исмејувале нивната врска тврдејќи дека на фотографијата се гледа ќерката на актерот, а не невестата.