Со новогодишни пакетчиња и искрени жеби премиерот Никола Груевски и министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, денеска ги израдуваа децата од Детскиот дом „11 Октомври“.
И оваа година, Груевски испрати порака до децата дека не се заборавени и дека државните власти се секогаш тука кога може да помогнат.
„Тука сме да ви посакаме Среќна Нова година, многу здравје, да имате убава година, да бидете многу среќни, да имате петки во училиште, да бидете многу радосни, да растете и да одите напред“, истакна Груевски кој заедно со Спасов им врачија пакетчиња, облека и шпорет на штитетниците на „11 Октомври“ и им посакаа среќни празници, многу успеси и добро задравје.
И децата им дадоа подарок, тие изведоа новогодишна претстава, според нивните зборови, создадена со многу љубов.
ФОТО: Курир