ФОТО| Претставена новата генерација вселенски одела за лет на Месечината

Американската агенција за вселенски истражувања NASA ги престави новите модели на вселенско одело за астронаутите кои ќе учествуваат во новата ера на мисиите на Месечината.

Новиот дизајн е специјално опремен за астронаутите коишто ќе изведуваат научни експерименти на површината на Месечината. Прототипот на новото вселенско одело ќе биде подобро опремен за астронаутките. Во NASA се надеваат дека новите вселенски одела ќе бидат подготвени за мисијата „Artemis 3“, којашто во 2025 година треба да спушти астронаути на Месечината.

Сегашните вселенски одела какви што носат американските астронаути не биле целосно редизајнирани од 1981 година. Откако NASA објави дека ќе се вратат луѓето на Месечината по речиси пет децении, вети дека ќе испрати ја испрати првата жена и првото лице кое не е од белата раса.

Тешкотиите неретко ги следеа обидите за испраќање жени во претходните мисии на Меѓународната вселенска станица (ISS). Во 2019 година NASA планираше да испрати целосно женски екипаж на орбиталната станица задолжена да изведе излегување во отворената Вселена, но мораше да се откаже неколку дена пред планираното лансирање на двете астронаутки Ен Мекклејн и Кристина Кох. Тогаш беше утврдено дека неа две вселенски одела со исправна големина за двете, па наместо Мекклејн во тандемот влета астронаутот Ник Хејг.

За вселенското одело е важно „добро да легне“ на лицето што го носи, а тоа е клучно за да се спречи претеран замор или, уште полошо, телесна повреда. NASA се надева дека новиот дизајн ќе ги совлада сите тие проблеми и ќе ги исполни сите стандарди а мисијата „Artemis 3“. Клучното барање за вселенското одело е снабдување на астронаутот со кислород со правилен притисок, што му овозможува да преживее. Дизајнот мора да биде многу прецизен, бидејќи грешките може да предизвикаат брзо ширење на белите дробови и да предизвикаат смрт.

„Месечината е непријателско опкружување, а особено нејзиниот јужен пол. Во шлемот се вградени светилки и тоа е клучното, бидејќи астронаутите треба да подигнат примероци од Месечината, да собираат други податоци за разбирање на јужниот пол на Месечината“, велат од NASA.

Новите вселенски чизми мора да ги издржат температурите на смрзнување, какви што владеат во областите кои се постојано во сенка. На јужниот пол на Месечината, каде што треба да се спушти мисијата „Artemis 3“ можни се температури повисоки од 50 Целзиусови степени, но можат да бидат и многу ниски до минус 200 степени на дното од кратерите.

Друг проблем се правот и острите каменчиња. Материјалите користени за различните слоеви на оделото се изолирачки, отпорни на остри предмети кои може да ги искинат, а мораат да бидат такви за да го спречат лепењето на прашината, појаснува Расел Ралстон, помошник на водачот на програмата за вселенски прошетки за компанијата „ Axiom Space“.

На кацигата се монтирани фронтални светла и камера со висока резолуција со којашто на Земјата директно ќе се следи движењето на астронаутот или астронаутката. На грбот ќе биде монтиран ранец со прва помош за преживување: боца со кислород и многу софистициран клима-уред, додава Ралстон. Астронаутите ќе мода да минат и до осум часови без прекин за да земат примероци и да изведат научни опити.

Оделата ќе бидат изработени со користење на напредни методи, вклучително и 3Д принт и ласерско сечење.

Во Хјустон главниот инженер Џим Штејн, избран да го облече скафандерот, го демонстрирал движењето со мавтање со рацете, наведнувајќи па дури и се спуштил во клечење. Подобрувањето на мобилноста и амплитудите на движењето се едни од големите предноста на новото вселенско одело во однос на оние што ги носеле учесниците во мисиите „Apollo“.

Сепак една работа нема да се менува: вселенското одело и натаму ќе биде бело. Белата боја подобро ги рефлектира сончевите зраци, подобро ја регулира температурата во скафандерот.

Прототипот претставен во средата бил во црна и портокалова боја, затоа што тој прототип имал дополнителен слој кој подобра прикрива некои тајни аспекти во развојот на новото вселенско одело. Имено, за договор за изработка на оделата за мисиите „Artemis“ конкурираат и компаниите „Axiom Space“ и „Collins Aerospace“.