Силно невреме денеска попладне го зафатило пелагонискиот регион.
Според информациите оттаму, поплавен е Прилеп.
На фотографиите кои се споделуваат на социјалните мрежи се гледаат поплавени улици, а наводно е поплавен и влезот на градот.
Невремето го зафатило пелагонискиот регион околу 15 часот.