(ФОТО) Протест на ВМРО-ДПМНЕ – Гоце Делчев е црвената линија

Со скандирање „Македонија“, „Македонија“, транспарент „За Македонија и Гоце Делчев“, со македонски знамиња и со пеење на песната „Едно име имаме“ почна третиот протест на опозициската ВМРО-ДПМНЕ од пред зградата на Министерството за правда. Протестот како што велат од партијата е за црвените линии, а тоа е Гоце Делчев. Протестот од Правда продолжи пред владата па преку мостот Гоце Делчев ќе заврши пред Министерството за надворешни работи. Ова се пораките на над 20 илјади граѓани.

 

 Гоце Делчев е идентитетот и достоинството на македонскиот народ и човекот кој е впишан во државната химна и за него не треба и не смее да се преговара. Гоце Делчев е црвената линија. Гоце Делчев го разбирал светот како културно поле за натпревапомеѓу народите – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Набрзо откако демонстрантите го извадија транспарентот пред Министерството за правда дојде и Христијан Мицкоски со другите партиски функционери.

Протестот доаѓа во период кога се очекува рестартирање на експертските комисии со Грција и Бугарија кои се формирани согласно Преспанскиот и Договорот за добрососедство, нешто што го најавија од кабинетот на новиот министер за надворешни работи, Бујар Османи.

Работата на комсиите досега беше во застој поради ковид-кризата и предвремените парламентарни избори, а едно од прашањата околу кои претходно се судрија македонските и бугарските историчари беше токму Гоце Делчев.