Илјадници приврзаници на чешките опозициски партии се собраа во саботата во Прага на протест противи владата на десниот центар, критикувајќи го нејзиниото управување со економијата и воената поддршка за Украина.
Протестот под мотото „Чешка против владата“ беше организиран на Валцавскиот плоштад во центарот на Прага од страна на вонарпаленарната партија „Право.Почит.Професионализам“ (PRO), којашто држи националистички, промосковски и антизападен курс.
Службената новинска агенција ČTK извести дека според нејзините процени на простестот учествувале 10.000 луѓе и наведува дека тоа е помалку отколку на сличниот настан минатата година кој се одржа во текот на најголемиот раст на цените на енергенсите. Како што изјавил портпаролот на полицијата Јан Данек, собирот на Вацлавскиот плоштад се одржал главно без инциденти, освен апсењето на едно лице.
Главниот говорник, челникот на PRO, Јиндрих Рахјл ја обвини владата дека ги заборавила интересеите на чешките граѓани при спроведување на актуелните економски реформи, коишто според него, ќе ги принудат Чесите „уште повеќе да ги стегнат ремените“. Според Рајхл, Чешка е единствената земја во Европската унија чијашто економија сѐ уште не се вратила на нивото од пред пандемијата на ковид-19.
Рахјл пред поддржувачите рече дека во владата на премиерот Петр Фиала седат „агенти на странски сили, луѓе коишто извршуваат наредби, обични марионети. А јас веќе не сакам марионетска влада“, на што мноштвото му возврати со громогласен аплауз и често скандирање „Оставка!“.
Истакна дека Чешка би требало да стави вето на секој обид Украина да му се придружи на НАТО. Прага, инаку, силно го поддржува Киев во војната против Русија испрачајќи му тенкови, хеликоптери, ракетни фрчачи, артилериска муниција и друга воена опрема, но главно од советско и руско производство.
Рајхл ги поздрави суверенитстичките национални политики на унгарскиот премиер Виктор Орбан како пример и повика на сојуз на централноевропските земји против политиките на естаблишментов во Брисел. Исто така, му изрази поддршка на поранешниот словачки премиер Роберт Фиц, кој пред изборите закажани за 30-ти септември зазема цврст антизападен став.
Адвокатката Клара Самкова во продолжение рече дека Европската унија во моментов се распаѓа. Таа, исто така, изрази надеж дека ќе го доживее времето кога актуелниот премиер Петр Фиала ќе се појави пред независен суд за економските и меѓународните политики на неговата влада.
Во продолжението од протестот, првиот човек на малото Здружение на независните синдикати, Богумир Дуфек, ги критикуваше високите цени на храната и ја повика владата во сорабтка со компаниите кои ја произведуваат или продаваат храната, да преземе мерки за намалување на цените. Притоа го критикуваше настапот на неговиот главен конкурент, челникот на најголемата Чешко-моравска конфедерација на синдикати, Јозеф Стршедула.