Во големиот пожар кој ја зафати бангладешката престолнина Дака изгореле релиси 15.000 домови, а 50.000 луѓе останале без покрив над главата, пренесува во саботата BBC.
Пожарот избувнал во сиромашната населба Чалантики во петокот ноќта. Многу трошни бараки имале пластични покриви, поради што огнот брзо се ширел. На бројните противпожарни екупи им биле потребни повеќе од шест часа да го изгаснат пожарот
За среќа нема жртви, но неколку луѓе се повредени. Причината за пожарот сѐ уште не е позната, а отворена е опсежна истрага. Владата на Бангалдеш најави помош за илјадниците луѓе кои останале без домови.