(ФОТО) Русија му нуди помош на Египет во деблокирање на Суецкиот канал

Рускиот амбасадор во Каиро ѝ понуди во неделата на египетската влада „секаква можна помош“ во деблокирањето на Суецкиот канал каде го препречи минувањето низ глобално стратешкиот поморски пат контејнерски брод долг 400 метри.

Бродот „Ever Given“ со носивост од околу 224.000 тони на пат од Кина кон Холандија се насука во вторникот на 151-от километар од Суецкиот канал за време на песочна бура, блокирајќи го еден од најфрекветните трговски правци на светот. Компанијата „Evergreen“, којашто управува со бродот, во петокот објави дека ќе бидат потребни најмалку уште два до три дена за отсукување на бродот.

Русија е подготвена на сите можни начини, порача амбасадорот Георгиј Борисенко во разговорот за агенцијата РИА.

„Се надеваме дека овој проблем ќе биде решен во многу скора иднина, дека каналот повторно ќе профункционира и секако подготвени сме да на нашите египетски пријатели да им ја пружиме сета можна помош“, додава Борисенко.

Каиро не ја побарал помошта од Москва, но Русија „сочувствува со она што се случува во овој моент во Суецкиот канал (…) важниот поморски правец за целиот свет“, вели амбасадорот.

Египетските власти се обидуваат да го отсукуваат бродот веќе шести ден со ред со помош на десетина реморкери и машини со кои го откопуваат песокот под бродот.

Светските превозници поради блокадата на каналот размислуваат за испраќање на товарните бродови преку ‘Ртот на добрата надеж во Јужноафриканската Република, подолга и поскапа рута меѓу Азија и Европа. Според деловната новинска агенција Bloomberg, глобалната економија губи речиси 10 милијарди долари дневно, поради блокирањето на Суецкиот канал.

Русија претходно седмицата понуди бродскиот транспорт да се пренасочи кон северната артичка рута, којшто е 15 денови покуса. За оваа маршрута се смета дека во иднина ќе има главно значење во поморскиот транспор, поради што Арктикот во последната деценија стана нова област на конфронтација меѓу Русија и некои западни земји предводени од САД, кои исто така сакаат да добијат прави на користење на значителни делови од областа.