ФОТО| Руското ФСБ објави детали за движењето на камионот и осомничените во нападот на Кримскиот мост

Осум лица се приведени во кривичната постапка за терористичкиот напад на мостот преку Керченскиот теснец кој ги поврзува црноморскиот полуостров Крим и руското копно, од кои петмина се Русија, тројца државјани на Украина и Ерменија, соопшти во средата руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) која го утврдила патот на камионот полн со експлозив кој експлодираше минатата сабота.

„Организатор на терористичкиот напад на Кримскиот мост е Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина, нејзиниот челник Кирил Буданот, соработници и агенти. Експлозивната направа била камуфлирана во ролни со градежна полиетиленска фолија на 22 палети со вкупна тежина од 22.770 килограми“, се наведува во соопштението на руската служба за разузнавање.

Според сознанијата, на почетокот од август, товарот бил испратени од црноморското пристаништен Одеса во бугарскиот град Русе, според договор № 02/08/2022 меѓу компанијата „ Транслогистик УА“ со седиште во Киев и бугарската „Baltex Capital S.A.“.

Од Бугарија камиот се упатил кон грузиското пристаниште Поти, а потоа во Ерменија. Во транспортот на материјалот учествувале државјаните на Украина – Цјуркало Михаил Владимирович, Ковач Денис Олегович, Соломко Роман Иванович, државјанинот на Грузија – Иносаридзе Сандро, брокер идентификуван како „Леван“ и државјанин на Ерменија – Терчанјан Артур.

Од 29-ти септември до 3-ти октомври, на терминалот „Трансалијанс“ камионот бил царинет според прописи и документите биле променети. Тогаш испраќач на товарот станала компанијата „ГУ АР ДЖИ ГРУП“ од ерменскиот град Алаверди, а примач на пратката московското претпријатие „Лидер“.

Со камиот од марката DAF регистриран во Грузија, товарот ја минал руско-грузиската граница на 4-ти октомври на пограничниот премин Горен Ларс, а два дена подоцна бил доставен и истоварен на складиште во Армивар.

На 7-ми октомври со помош на наведениот Р.Соломко како испраќач, украинскиот државјанин Злоб Володомир Василевич и уште пет други државјани на Русија, документите за товарот биле повторно сменети. Сега како испраќач е наведена компанијата „ТЕК-34“ од руски Улјановск, а како примач е наведена непостоечка компанија на Крим.

„Истиот ден палетите биле натоварени во камионот на рускиот државјанин Махир Јусубов кој заминал за Симпферопол, а на 8-ми октомври 2022 во 06.03 часот при преминување преку Кримскиот мост била активирана експлозијата“, наведуваат од ФСБ.

Движењето на товарот по целата рута го контролирал припадникот на военото разузнавање на Украина, кој на другите учесници им се претставил како Иван Иванович. За координација на активностите, тој користел виртуелен анонимен број, како и телефон регистриран на жител на Кременчуг, Сергеј Андрејченко.

Рано утрото на 8-ми октомври камионот експлодираше на мостот кон Крим, во моментот кога над него минувала железничка композиција цистерни со горива од кои седум се запалија. Делумно се урнаа два коловозни блока но носачите на лакот и конструкцијата на мостот не се оштетени. Во експлозијата загинаа четири лица, меѓу кои и судија од Москва.