Поради снежното невреме кое го зафати североистокот на САД, во некои подрачја висината на снежната покривка достигна висина од 45 см. Во невремето загинаа три лица, над илјада летови се откажани, а патниот сообраќај е отежнат за милиони возачи.
Снежното невреме го погоди густо населениот коридор меѓу Филаделфија и Бостон.Во Њу Џерси снежната покрива достигна 39 см, во Филаделфија изнесува 30 см, додека одредени делови на Њујорк се покриени со 25 см снег.
Автопатиштата околу Њујорк се потполно блокирани, а поради невремето возењето трае трипати подолго од вообичаено.
Метеоролозите соопштија дека невремето може да биде проследено со студен бран, ако стигне арктичкиот воздух од Канада. Населението во Чикаго, веќе е соочено со температура од минус 28 степени.
Вчера беа откажани три илјади летови, а поради невремето најмногу беа погодени аеродромите од Вашингтон до Бостон.
Ниту денеска нема да бидат реализирани повеќе од илјада летови.