(ФОТО) Сакал да сними ноќно селфи на катедрала, паднал но останал жив

Маж на 28-годишна возраст паднал откако се искачил на скелето на Катедралата на свети Петар во германскиот град Регенсбург во обидот да направи ноќно селфи.

Мажот успеал да повика помош, рекол во саботата портпаролот на локалната полиција, а минувачите ги повикале итните служби.

Пожарникарите го пронашле на височина од околу 50 метри на платформа на скелето близу до работ на сигурносната ограда. Според изјавата на полицијата, мажот очигледно бил пијан и паднал пет метри од покривот на црквата до кој некако успеал да се искачи.

Момчето било полесно повредено при падот и префрлено во болница. Селфи снимките се пронајдени во неговиот мобилен телефон, соопшти полицијата.

Тој ќе се соочи со повеќе пријави, меѓу кои и за нарушување на имот.

Скелињата често се поставуваат околу катедралата во Регенсбург, град во сојузната земја Баварија, и луѓето секоја година се искачуваат на нив, изјавил полицискиот портпарол.

Во моментов се обновуваат кулите на катедралата, кои се високи 105 метри.