Американската актерка без сомнеж остави незаборавен впечаток на настанот Ballet Fall Gali кој четврта година по ред се одвива во Њујорк.
Голем број креации кои ги носеше во серијата „Сексот и градот“ станаа култни, а веруваме дека истата судбина ја чека и спектакуларната тоалета која Сара Џесика Паркер ја носеше на овој настан.
Таа изгледаше заносно во синиот балски фустан со светкави детали. Додека чекореше по црвениот тепих, педесетгодишната ТВ филмска ѕвезда привлече огромно внимание бидејќи буквално сите сакаа да ја видат во оваа раскошна креација во која секоја жена би се чуствувала посебно, како да е најубава жена на светот.
Масивниот фустан е збогатен со деколте во облик на срце и длабок шлиц. Сара тоалетата ја искомбинира со црвена торбичка и елегантни чевли во сребрена боја. Кога станува збор за косата таа овој пат се одлучи за голема пунџа.