За разлика од протестите на „Шарената револуција“ каде Порта „Македонија“ беше исфарбана со погрдни графити и беше редовна мета врз која се фрлаше боја, на денешниот протестен марш „Црвено-жолтите“ ја обвиткаа со македонското знаме.
Како што најавија организаторите, собири на граѓани кои се одзваа на Граѓанската иницијатива ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА ќе има и утре.