Медиумите на албански објавуваат фотографирани гласачки ливчиња кои се постираат на социјалните мрежи што е тешко прекршување на изборните прописи.
Албанскиот портал Медиал.мк објави фотографирано гласачко ливче на кое двајцата кандидати се пречкртани, а додаден е и заокружен непостоечкиот кандидат Албин Курти.
Откако се појавија ваквите материјали, а институциите задолжени за регуларноста на изборниот процес како што се МВР, Обвинителството и ДИК објавија дека изборите се одвиваат регуларно, се наметнува прашањато дали некој презема мерки за ваквите изборни нарушувања.