Капитенот на ФК Хоризонт Турново, Сашко Пандев, се ожени со ќерката на сопственикот на ФК Хоризонт, Ивана Тодорова, пишува порталот „Струмица денес“.
Младоженците судбоносното „ДА“ го кажаа во црквата Свети Петнаесет.
За денскиот дел од забавата по повод свадбата на капитенот на ФК Хоризонт беше „задолжен“ нашиот најдобар дувачки оркестар Џамбо Агушеви, а вечерта, во хотелот Сириус,„задолжени“ за добрата атмосфера беа Легато и Амадеус Бенд.
Фото: Столе Ангелов