8.8 C
Skopje
вторник, декември 3, 2024

(ФОТО) Се разобличуваат лажните вести на СДСМ

Откако во саботата во јавноста неколку портали ја пренесоа конструкцијата – очиеглдно лажната вест поврзана со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој наводно земал 1,6 милиони евра од руски дипломати, денеска се појавија и докази за невистинитоста на веста.

Имено, наместо власта којшто се претставува за најголем поборник во борбата ширење на лажни вести, да ги спречи, таа сега се јавува како автор на невистините кои очигледно има намера да ги користи како главно оружје во кампањата за предвремените избори.

Лажната вест јасно се гледа дека е сечена од една друга вест објавена во руски медиум во октомври годинава поврзана со корупциски скандал на рускиот министер за внатрешни работи.

Според споредбата на двете вести овде станува збор единствено само за вметнување на податоците на Мицкоски, додека бројките се исти, што е јасен доказ за фабрикувана лажна вест.

По ова во саботата се огласи и самиот Мицкоски преку својот Фејсбук профил каде напиша дека власта наместо да се посвети на проблемите, тие само крадат и шират лажни вести.

-Иако дното со Заев и оваа власт во заминување е оддамна пробиено, сепак вредно е да се напомене дека во овие моменти на изразена паника кај власта од престојниот пораз ширењето на лажни вести е веројатно единственото на кое оваа власт е посветена. Наместо да решаваат проблеми, тие се посветени на крадење и ширење лажни вести. И кога не би биле лажните вести кои тие ги креираат како што е оваа, ќе требаше да се збори за посуштински прашања за граѓаните, како на пример тоа што Заев направи грабеж на бизнис секторот со прогресивниот данок, и сега привремено ја стопира оваа штетна мерка, тоа што го пуштија да избега убиецот на Нешкоски, за сомнежите за криминал и рекет, за бегањето од избори и мал милион скандали на оваа арамиска власт. И додека разно-разни советничиња на премиерот имаат усти полни со демагогија за лажните вести, тие во позадина се нивните главни креатори. Паѓаат во вода сите нивни квази стратегии платени со народни пари. Нивното препелкање е нивната нервоза затоа што ја немаат поддршката од народот. Но ваквите нивни потези мене не ме вознемируваат, напротив ме мотивираат да продолжам во правилната насока. Сакам да им порачам, додека ги трошат жолтиците од рекетот, цинично се смеат и меѓусебно се храбрат дека еве го изнервираме реагираше, јас уште посилно ќе продолжам да се борам се додека со народот конечно не ги поразиме и пратиме во политичка пензија, но потоа ќе следи одговорност. Не ја навредувајте интелегенцијата на народот.

ПС: молевте и коленичевте за фер однесување, но уште еднаш покажавте дека за Вас не постојат принципи, ниту збор, тогаш подгответе се за кошмарот кој сами го создавате, и тој не е исполнет со лажни вести туку со факти и аргументи. И да, не заборавајте, овој народ ја сака вистината!, стои во неговиот пост на Фејсбук.