Денес околу 18,00 часот, во момент кога преполн автобус поминувал на улицата „Ленинова“, старата куќа која веќе некое време стои оградена поради закана од рушење, се сруши на чекор од преполн автобус, објави порталот Кумановски муабети.
Како што објави порталот, за среќа нема повредени лица, но според очевидците, самата глетка предизвикала стрес кај патниците.
Старата куќа во која не живее никој започнала да се троши по поројните дождови пред две недели и се заканувала да се сруши поради нарушена статика.
Секторот за урбанизам при Општина Куманово наложи куќата да биде срушена, и на исто место да се изгради нова, со оглед дека деталниот урбанистички план дозволува изградба на нова куќа.
Дождот што предмалку го зафати Куманово можеби бил пресуден, дотраената куќа на ул. „Ленинова“ да се сруши во потполност.