ФОТО| Се урна хеликоптерот со началникот на генералштабот на Индија

118

Хеликоптерот кој го превезувал началникот на индискиот генералштаб, генералот Бипин Рават, се урна во средата во сојузната во државата Тамиланд, а загинале најмалку три лица, пренесуваат индиските медиуми.

Според објавата на Twitter на прес-службата на индиските воздухопловни сили, несреќата се случила во округот Нилгирис во близина на градот Кунур, пренесува новинската агенција ANI.

„Хеликоптерот на воздухопловните сили ‘Ми-17Б-5’ со генералот Билин Рават се урна… Покрената е истрага за утврдување на причините на несреќата“, се наведува во соопштението.

Генералот Бипин Рават е пренесен во болница, јави информативниот портал republicworld.com и додава дека засега нема никакви информации за неговата здравствена состојба. Се додава дека три лица ја преживеале несреќата, но оваа информација не е службено потврдена.

Според локалните медиуми, меѓу 14-те лица во хеликоптерот биле и сопругата на генералот Рават, неговиот помошник, специјалци од неговото лично обезбедување и припаднции на воздухопловните сили.

На местото на падот на леталото се пронајдени тела на пет жртви, уште неколку лица се пренесени во болница со тешки повреди од изгореници. Нивните имиња не се соопштени.

На местото на падот избувнал пожар, во чие гаснење учествувале дваесеттина поротивпожарни возила. Локалните медиуми пренесуваат дека хеликоптрот полетал од воената воздухопловна база Сулур.

Медиумите 63-годишниот генерал Рават го опишуваат како многу близик на премиерот Нарендра Моди. Равар е првиот началник на главниот штаб на вооружените сили, позиција којашто индиската влада ја вовед од 2019 година.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.