Очила за вид
Еден од татковците на САД, Бенџамин Френскил бил и пронаоѓач. Еден од неговите најдобри пронајдоци се и очилата за очи, кои за разлика од моноклот можеле да им помогнат налуѓето што имале проблеми со двете очи. Неговиот пронајдок се должи на потребата, затоа што и самиот тој страдал со проблеми со двете очи во подоцнежниот период од неговиот живот.
-
Интернет
Се смета дека британскиот информатичар тим Бернис Ли го создал интернетот односно Светската глобална мрежа. Тој доби титула витез од британската кралица Елизабета Втора во 2004-тата заради неговиот историски пронајдок без кого денес речиси никој од нас неможе да си го замисли животот.
-
Термометар
Легендарниот италијански астроном, физичар, инжинер, филозоф и математичар се смета дека го измисли термометарот уште во 1593-тата година. Се обложуваме дека не сте ни помислиле дека овој уред е толку стар!?
-
Тоалетна хартија
Иако тоалетната хартија на овој начин или на оној се користела уште во 2-иот век, онаа хартија што денес се користи е дело на Џозеф Гајети, кој за прв пат го пуштил на пазарот својот производ во 1857-та година.
-
Клима Уред
Денес тешко може да се замисли животот без клима уредот, а за тоа треба да му се заблагодариме на Вилис Кариер и неговиот пронајдок од 1902-та година. Неговата компанија Кариер Корпорејшн е еден од најголемите произведувачи на клима уреди во светот.
-
Безбедносен појас во автомобил
Безбедносниот појас е неизоставен дел во секој модерен автомобил. Оваа иновација е дело на работникот во Волво Нилс Бохлин, кој се пензионирал од компанијата во 1985-тата, а постхумно бил одликуван со признание во Националната сала на славните иноватори.