
Две сестри и еден брат од Лондон преживеаја удар на гром под дрво на почетокот на неделата. Сепак, она што ја прави нивната приказна уште попосебна е тоа што тие успеаја да направат селфи точно во моментот кога ги погоди гром.
Изабел, Рејчел и Ендру Џобсон застанаа за Рејчел да оди во тоалет, а нејзината сестра и брат најдоа засолниште од силниот дожд под дрвото. Сестрите и братот уживаат да возат велосипеди на дожд, па решија сѐ да овековечат со една фотографија, пишува „IFLScience“.
Wow. Isobel Jobson's photo as they are struck by lightning. pic.twitter.com/3u01sBqq7C
— Kid Narco (@KidNarco) July 13, 2021
Сепак, мајката природа имала и други планови. Како што сите знаат, стоењето под дрво за време на грмотевици може да биде крајно опасно бидејќи молњата бара патека со најмал отпор, што е често највисокиот предмет на одредена област.
Гром ги погоди сестрите и братот, ги сруши на земја и ги повреди.
– Одеднаш бев на земја и не можев да слушнам ништо друго освен пиштење. Целата десна рака ми беше вкочанета и не можев да ја помрднам – изјави Рејчел за Би-Би-Си.
Тројцата биле пренесени во болница откако биле забележани од минувачи. Откако биле лекувани од изгорениците, братот и сестрите биле пуштени дома бидејќи никој од нив не бил сериозно повреден.
