ФОТО| Скендер Реџепи објави фотографија од Заев и Гаши во Струмица

Независниот пратеник Скендер Реџепи кој е поранешен сопартиец на претседателот на Алтернатива Африм Гаши на својот фејсбук профил објави фотографија од средба меѓу Гаши и поранешниот премиер Зоран Заев во Струмица.

Непознато е од кога датира оваа фотографија но, Реџепи прашува: што денеска побарал Гаши од Заев?  во објавата постирана вчера.

„Прашање за 1 милион евра??? Што побара денес Африм Гаши од Зоран Заев, и зошто мораше да оди дури до Струмица? Активистите на Алтернатива, како и пошироката јавност заслужуваат да ја знаат вистината за оваа средба“, напиша Реџепи.