Жителите на скопската Општина Карпош остро реагираат во саботата наведувајќи дека општинските власти на чело со градоначалникот Стефан Богоев очигледно манипулираат со граѓаните, особено со жителите на улицата „Козле 3“ во скопско Нерези.
И Додека општината се „испофали“ дека зимската служба денеска ги извршува своите активности, ситуацијата на терен е сосема поинаква. Коловозите се замрзнати и нерасчистени и од снежната покривка, жителите се во опасност од излизгувања и повреди при падови и судири.
Не само општината и Богоев самиот се пофали дека се преземаат сите активности во општината и дека надлежните поминале во Козле, Жданец, Трнодол и Бардовци, додека ситуацијата во Нерези е сосема поразлична.
Вечерва снегот не само што ја натрупа улицата туку и ги отсече жителите на оваа населба недалеку од Скопје.