Повеќе противпожарни возила вчера ги вклучија сирените и се упатија да го гаснат пожарот кој избувна во близина на граничниот премин „Богородица“, но само едно противпожарно возило ги привлече погледите на новинарите кои известуваа на терен.
Телевизијата Канал Вис објави видео на кое се гледа како едно противпожарно возило со последни сили се упатува кон пожарот. По самиот изглед на камионот може да се забележи дека е стар можеби повеќе од половина век.
Но, за жал, видеото веќе не е достапно.