![net2](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/02/net2.jpg?resize=650%2C432&ssl=1)
Зимското сонце и температури од 20 степени ги разбуди скопјани, па излегоа на прошетка да ги впијат првите сончеви зраци.
Викендов беше раздвижено и топло во Скопје, немаше слободна клупа во центарот на градот, тревниците во градскиот парк полни со деца и млади, а велат на жичарата на Водно се чекало дури и по петнаесетина минути.
Иако календарски се’ уште е зима, во последниве денови во Скопје е вистинска пролет. На стазата на кејот на Вардар велосипеди и ролери, рекреативци џогираа на топлото сонце, а родителите со топки играа со дечињата во градскиот парк, посмелите си купија и сладоледи, како сите да заборавија дека сепак е февруари.
Метеорозолите велат дека топлото време ќе продолжи и во текот на оваа седмица, па најдете време и прошетајте и гледајте како природата се буди од зимски сон.