ФОТО| Сообраќајна несреќа на самиот граничен премин Стење, се формира километарска колона

Сообраќаен инцидент меѓу камион и два автомобила се случил во четвртокот вечерта на самиот граничен премин Стење од македонска страна при излез од земјата, а за влез во соседна Албанија.

Во меѓувреме е направена и километарска колона, а во некои од автомобилите има и мали дечиња кои речиси повеќе од еден час стојат во место и не тргнуваат.

Сведоци за КУРИР велат дека тие се револтирани од спората реакција на полицијата и координацијата за расчистување на километарската колона на возила која расте од минута во минута.