Оливера Балашевиќ, жена за која се напишани најубавите љубовни песни, кога ќе видиме како изгледа на 61. година, ни станува јасно и зошто. Оливера отворила профил на Инстаграм и, како што пишуваат српските новинари, го урнала интернет. Оливера профилот го отворила пред десетина дена а веќе има 1269 следбеници и стотици лајкови на сликите.
До сега објавила само неколку фотографии, а првата фотка која ја објавила ја опишала со реченицата „Слетав на планетата интернет, хело“.
Оливера, потоа, над своите фотографии објавила сеќавања од основно и средно училиште,а следбениците и поделиле многу комплименти на сметка на изгледот. Поубавата глава на семејството Балашевиќ до сега во широк круг ги одбегнувала медиумите, како и социјалните мрежи, па секое нејзино појавување било вистински настан, но се чини дека одлучила тоа засекогаш да го промени.