ФОТО: Стружани на пазар во облека и овошје криеле петарди

Со празниците паралелно доаѓаат и петардите и најразлични пиротехнички материјали. Вчера полицијата на пазар во Струга заплени вкупно 4.212 петарди наменети за понатамошна продажба.
Според информациите од охридската полиција, вчера, во рамки на контроли кои полицијата редовно ги спроведува, пронајдени и запленети се 4.212 петарди т.н. пиратки „Мирновец“ и „Крекери“. Петардите се пронајдени во две одвоени контроли на градскиот пазар во Струга. Поголемиот дел од петардите наменети за натамошна нелегална и неовластена продажба беа пронајдени во и околу магацини и тезгите каде се чува и продава овошје сопственост на 40-годишниот Т.Ш. од струшкото село Велешта. Останатиот дел од петардите се пронајдени до тезга за облека каде работел 58-годишниот Б.А. д Струга.

petardi-struga2
Против Т.Ш. и Б.А. полициската станица од Струга поднесе кривични пријави за „Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.

petardi-struga
Во пресрет на новогодишните празници, секторот за внатрешни работи Охрид врши интензивни и засилени контроли на физички и правни лица со цел пронаоѓање пиротехнички производи, кои во Република Македонија, и покрај забраната за нивна употреба, неовластено се продаваат во продавници, пазари и на други јавни места.
Завчера полицијата заплени поголемо количество на петарди. Кај О.А. пронашла и запленила 1.515 петарди, додека кај Н.Д. 2.008 петарди, кои најверојатно биле наменети за продажба за престојните празници.