
Постојат парчиња облека што станаа вистинска класика: мал црн фустан, бела кошула, фармерки. Верувале или не, ним им се придружија и тангите.
Едно време беа задолжителни, макар само за специјални прилики, потоа лекарите се обидоа да ги турнат во историјата но не успеаја.
Женската долна облека што во задниот дел е потесна отколку напред, срамежливо се враќа на полиците во продавниците, но во женските гардаробери според „Вог“ сезонава се одвојуваат следните модели и дезени: цветни, розеви, свилени или сатенски во крем боја, од срн муслин.
Исто така тангите се вратија и на плажите и на базените.