Иранското езеро Урмиа во текот на последните десет години толку многу пресушило што едвај се забележуваат контурите на едно од некогаш најголемите солени езера на светот.
Веќе со години нивото на солената вода на ова езеро драстично се намалува, па денес во близина на истоимениот град можат да се видат напуштени пространства кои порано биле покриени од водениот сјај.
Научниците проценуваат дека Урмиа изгубила дури 80 отсто до својата водена површина.
Сместено на 40-тина километри од границата со Турција, ова иранско богатство било центарот на богатата покраина со која доминирал овој град.