Интензивна снежна бура донесе снег и замрзнат дожд во најголемиот град во Канада, Торонто, а го зафати и источниот дел од државата.
Поради невремето 400.000 лица во регионот остнаа без електрична енергија,а има и огромен застој во сообраќајот.
Патниците се заглавени на аеродромите во Торонто, Отава и Монтреал откако десетици летови се откажани или доцнат.
Студот во Канада зема 11 жртви.
Градоначалникот на Торонто, Роб Форд изјави дела „ова е една од најлошите бури во историјата на градот“ и најави дека можно е наскоро да се прогласи вонредна состојба.
Тој истакнал дека е најважно да го средат проблемот со прекинот на електрична енергија во две болници.