Турското претседателство во неделата остро отфрли секаква одговорност на Анкара за 92 илегални мигранти кои сосема голи беа откриен на грчката страна од границата и ја повика Грција да „престане со неоснованите обвинувања“.
„Ја повикуваме Грција веднаш да се откаже од нехуманиот став кон бегалците, да ги прекине лажните и неосновани обвинувања против Турција. Грција уште еднаш на целиот свет му покажа дека не го почитува дигнитетот на угнетуваните народи, објавувајќи фотографии од бегалците кои ги депортирала откако им ги одземала личните предмети“, изјави директорот за комуникации на турското претседателство Фахретин Алтун,
Грчкиот министер за цивилна заштита Такис Теодорикакос изјави во саботата дека полицијата открила 92 илегални мигранти без никаква облека, а дека некои од нив имале повреди.
Според грчката полиција, со истрага на грчките служби и Фронтекс, како заедничка погранична агенција на ЕУ, биле наводно откриени докази дека мигрантите ја минале реката Еврос, која е граница меѓу Грција и Турција, на грчка територија со гумени чамци од Турција.
Алтун поради тоа во неделата ги повика грчките власти „прво да ги положат сметките за бебињата кои ги оставија да се удават во Егејското Море, за лицата кои ги ограбија и тепаа со своите ремени во местото Мерич (рускиот назив за Еврос), како и за оние кои ги пуштија да се смрзната во координација со Фронтекс“.
Поради обвинувањата против Фронтекс, обвинет дека ги прикривал насилните потиснувања на пловилата со бегалци и мигранти од страна на грчката морнарица во Егејското Море, кон крајот на април оставка поднесе директорот на Фронтекс, Фабрис Легери.
Грција и Турција разменуваат обвинувања за злоставувања на мигрантите, главно Авганистанци и Сиријци кои се обидуваат да влезат на територијата на Европската унија.
Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР) го осуди во неделата „свирепото и понижувачко“ постапувања кон 92 мигранти и побара „целосна истрага на овој инцидент“.
Türkiye’s behaviour towards 92 migrants whom we rescued at the borders today,is a shame for civilisation. We expect Ankara to investigate the incident and protect at last, its borders with the EU. pic.twitter.com/JYtUG1RnzC
— Νότης Μηταράκης – Notis Mitarachi (@nmitarakis) October 15, 2022