ФОТО: Турските медиуми со интерес за одморот на Груевски во Турција

Турските медиуми со голем интерес објавуват дека македонскиот премиер Никола Груевски заедно со своето семејство се наоѓа на одмор во Турција.

turski-medium

Одморот на Груевски во Турција го разбуди интересот кај турските медиуми па истите пишуваат и дека македонскиот премиер имал прилика да прошета во чаршијата и да посети некои продавнички, бил опуштен и се однесувал многу релаксирано.

turski-medium1

Според нивните пишувања, Груевски во Бодрум имал прилика да посети и многу други места, а за турските медиуми изјавил дека е фасиниран од градот.

gruevski-semejstvo2-500

Премиерот Никола Груевски се очекува утре да замине од Бодрум и останатиот дел од одморот да го помине во близина на Фетије.