Полицијата утрово нешто по 7 часот, на државниот пат Д8, во Хрватска, во близина на Сплит затекнала необична глетка, односно сообраќајна незгода.
Имено, автомобилот Опел Астра буквално бил паркиран на банкината.
Како што наведува Далмацијањуз, со автомобилот управувала жена која за среќа не е повредена, а веројатно ниту сама незнае како успеала вака да се „паркира“.
Во незгодата е забележана само материјална штета, а дополнително се утврдува како дошло до несреќата.