Три автомобили се судрија на раскрсницата пред Владата на Република Македонија.
Според првичните информации од скопската полиција, околу 10 часот се случила сообраќајна незгода во која учествувале три автомобили. Засега нема податоци за информации за повредени лица, но според очевидци, причинета е поголема материјална штета.
Од полиција велат дека повеќе информации ќе има подоцна.