ФОТО: Верувале или не, ова е Тајра Бенкс

Манекенката и поранешен ангел на Викторија сикрет Тајра Бенкс (41) смета дека е во ред да има недостатоци на нејзиното тело. Поради тоа одлучи на нејзининте обожаватели да им го покаже вистинското лице.

tajra_benks_so_sminka

Тајра широко ги отворила очите и позирала без шминка и гордо го покажа неизедначениот тен и големите подочници.

-Ова утро одлучив да ви го покажам своето вистинско лице. Очајно сакав да ги сокријам подочницие, но одлучно реков: „Не покажи се каква што си“. Така што… еве ме. А ете ве и вас, гледате во мене и ја проучувате оваа фотографија. Можеби мислите: „Ау, таа изгледа грубо“. Ако го мислите тоа, тогаш одлично. Заслуживте да видите како навистина изгледам, напишала манекенката под фотографијата која ја сподели со нејзините обожаватели на Инстаграм.