Голем број полициски службеници и припадници на специјалните единици се распоредени по улиците на скопската населба Ѓорче Петров откако попладнево група од стотина млади луѓе се собра на улицата Ѓорче Петров во знак на протест поради вчерашното убиство на матурантот Ангел Петковски.
Толпата млади околу 18 часот се собра на главната улица во населбата и се упати во домот на убиеното момче. Во моментов толпата обезбедува од голем број полицајци си заминува од населбата.