Стотина лица биле повредени кога дел од таван се срушил за време на претстава во Лондон, јавуваат британските медиуми, пренесува Нетпрес.
Трагедија се случила во стариот театар „Аполо“ во англиската престолнина, во централниот кварт Вест Енд, потврдила полицијата, а пренесе британски Дејли Меил.
Според весникот, катастрофата се случила за време на претстава и дел од луѓето што биле во публиката останале заробени во објектот, поточно потрупани во урнатини.
Според „Дејли Меил“, во несреќата повредени биле 88 лица, од кои седум се во критична состојба.
Сведоци изјавиле дека се слушало дека „балконот крцка“ пред почетокот на претставата, но мислеле дека е дел од продукцијата.
„Мислевме дека е дел од сценографијата, но потоа се слушна кршење и дел од покривот падна“, изјавил очевидец и додал дека по уривањето голем облак од прашина се раширил насекаде низ театарот.
Лондонската противпожарна служба соопштила дека верува оти се ослободени сите луѓе што биле заробени под урнатините.
За време на инцидентот во театарот „Аполо“, кој е стар околу 112 години, имало повеќе од 700 луѓе.
Рушењето на балконот се случило за време на изведбата на „Чудниот инцидент на кучето во ноќта“.