Познатиот холивудски актер Кевин Спејси престојува во Хрватска, а тука ја пречека и новата 2022 година.
Доаѓањето на Новата 2022 година, Спејси весело го дочека во познатиот загрепски клуб „Минт“ во друштво на неговиот менаџер Јуан Ловенштајн, режисерот Јаков Седлар, неговиот син Доминик и продуцентот Фран Јурај Прижмиќ, а беа изолирани во ВИП сепаре и под будното око на двајца членови на обезбедувањето. Тие исто така беа послужени со вечера во клубот, а потоа уживаа во вотка и шампањско, пишува хрватски „Јутарњи“.
Фото: Принтскрин/Инстаграм
Менаџерот Едвин Софтиќ на својата на Инстаграм објави неколку видеа од забавата. Спејси бил дотеран, во бела кошула над која носел црвена маица искомбинирана со темно сино палто и панталони.
Оскаровецот бил многу добро расположен во текот на целата вечер и со своето друштво ги одбројувал последните минути од 2021 година, а потоа танцувал на песната на Северина „Италијана“.
Седлар рекол дека Спејси бил воодушевен бидејќи луѓето го примиле како човек и убаво се однесувале кон него, а еден час после полноќ актерот отишол на спиење во хотелот.
Да потсетиме, Спејси во Загреб долета во четвртокот каде што го угости хрватскиот режисер Јаков Седлар.
Како што пишува „Јутарњи“, Спејси допатувал во Хрватска за да договори филмски проект каде во филмот на Седлар би требало да го глуми првиот хрватски претседател Фрањо Туѓман, кој ќе се занимава со операцијата „Бура“.
Пред скандалот, актерот беше еден од најпочитуваните во Холивуд, а запаметени ќе останат неговите улоги како негативецот во „Седум“, потоа улогата на претседателот Френк Андервуд во серијата „Куќа од карти“, потоа улогата во „Американска убавина“ и многу други. Токму за улогата во „Американска убавина“ во 1999 година тој доби Оскар за најдобар актер.