Ексклузивни фотографии на напаѓачот Сеифедин Јакоби кој пред два уби 39 туристи во Тунис, на кои што се гледа како тој мирно шета на плажата со калашников во летувалиштето Сус, објави „Скај њуз“.
На фотографиите се гледаат граѓаните и туристите кои се зачудени и уплашени. Еден од очевидците изјавил дека тој бил „многу, многу мирен“ кога почнал да пука.
Наводно, некои Тунижани го прашале зошто пука кон недолжни лица, а тој им одговорил „па не ве убивам вас“.
Се претпоставува дека напаѓачот слободноо шетал по градот повеќе од половина час, а преживеаните се прашувале зошто полицијата реагриала доцна. Најпосле Јакоби е ликвидиран, а истрагата е во тек. Одговорноста за нападот је презеде Исламската држава.