ФОТО: Викторија Бекам продава луксуз, а сестра и’ крпчиња за сиромашните

Тие две иако се сестри, во голема мера се разликуваат. Едната е поп ѕвезда која во моментов се занимава со моден дизајн и е омажена за фубалска ѕвезда, поседува луксузни домови во Лондон и Лос Анџелес и продажна мрежа вредна 209 милиони фунти.

Сестра и е два пати омажена мајка на четири деца која што живее со родителите во мала куќа во лондонско предградие. Сепак, Викторија Бекам (41) и нејзината сестра Луис Адамс (39) имаат нешто заедничко: модата, пишува Дејли меил.

И двете имаат бутици за облека, Викторија во познатиот дел од Лондон Мејфер, а Луис во предградието Хертфордшир.

Бутикот на Викторија Бекам
Бутикот на Викторија Бекам

На прв поглед двете продавници се разликуваат во голема мера исто како и нивните сопственици: Викторија продава облека за богатата елита, а нејзината сестра продава облека на попуст за средовечните жители на предградието.

Бутикот се наоѓа веднаш зад Бакингемската палата и хотелот Риц, дел од Лондон што е познат по скапите бутици, уметнички галерии и рестораните исполнети со голем број на познати лица.

Бутикот на Викторија Бекам
Бутикот на Викторија Бекам

Ако сакате…